Нарачај си маче преку интернет

Бидејќи нарачувањето преку интеренет ми стана една од најинтересните теми, а во исто време ми се омачија и мачките (незнам само како истемпираа така заедно), решив да ги комбинирам овие две работи со цел на новите мачиња да им најдам место кое ќе можат да го наречат дома.
Доколку посакуваш да чуваш маче, ова е за тебе. Преку овој блог имаш шанса да си нарачаш и добиеш маче, бесплатно. А затоа што не ги обожавам многу (*)ѕвездичките кои кои ги ставаат после понудата од типот на „Цените се без вклучен ДДВ“, „Available to US residents only“, „Само со договор на 2 години робство“, мојата ѕвездичка е „ќе се обидам и бепсплатно да го испорачам мачето било каде во Скопје“!

Еве ги и кандидатите кои се натпреваруваат за да ја добијат најпрестижната награда - живот со тебе. Мачињата се стари околу 5-6 недели, во зависност од која мачка се (на оваа слика е прикажана само едата мамица), а во генот им е долго ангорско влакно и плави очи (мачето прикажано на првата слика им паѓа уствари нешто као тетка).
Ако веќе се одлучи дека сакаш некое од овие мачиња, нарачката можеш да ја направиш преку ОВАА СТРАНА било преку маил или Skype, каде што ќе се договориме и за начинот на испораката.
Знам дека нема потреба да те убедувам за позитивните страни на чувањето маче и потсетувам на обврските кои идат со нив, али ете чисто ради да се најдеме во муабет (а и за да не добивам после „честитки“ од твојот адвокат) ќе ти кажам некои работи пред да нарачаш.
Најпрво, осигурај се дека имаш доволно љубов, време и воља да чуваш маче. Доколку не планираш да го чуваш и да се грижиш за него, воопшто не го нарачувај! Несакам мачињата да завршат на улица или кај некој што ќе ги малтретира.
Другата битна работа е здравјето, хигиената и исхраната на мачето. Мајките на мачињата се третирани против буви, паразити и габички (ringworm), но малите мачиња ќе мора да се пазат додека не се вакцинираат, поготово ако излагаат надвор и имаат контакт со други мачки. Препорачлива е (најчесто бесплатна) посета на ветеринар уште на самиот почеток заради проверка и советување во врска со овие работи.

Доколку се согласуваш со горе-наведеното, нашите оператори (јас) го очекуваат твојот повик. Бројот на мачиња е ограничен и понудата важи само додека траат залихите. Нарачај веднаш! (неможев да оддолеам, ова со ограничените количини и „нарачајте веднаш!!! или ќе видиш ти...“ ми е најблесавиот дел од рекламите).
И за крај, еве ги сите мачиња како си спијат на купче заедно со се мајките. Можеш ли да избрoиш колку ги има на сликата?

9 коментари:
redguy sampion
ha,ha,ha,pa ti si bil epten blesav,mnogu slatko me nasmea
Zdr REDGUY,nod32 mi pravi problem pri vklucuvanjeto na komp .. logoto na nodot se zazdrzuva premnogu vreme okolu (3-4 min) ne mi dozvoluva da ja konektiram konekcijata nitu nesto drugo da rabotam na kompjuterot .. molam za pomosss :( POZDRAV
stavi si kaspersky i na makite tvoi ce im dojde kraj
@vlat4e@hotmail.com
Пробај да ја избришеш верзијата која ја имаш и да ја инсталираш 2.7 (според мене најдобра верзија од NOD). Одбери при инсталацијата да не ти се покажува логото на почеток.
Или пак, можеш да го пробаш тоа што го советува aleww и да си ставиш kaspersky.
Во секој случај, држи се до темата на разговорот на коментарите. Ако треба нешто што е off-topic, можеш да ме контактираш преку Skype или маил.
ZDR. BITOLA TUKA IMAM PERSISKA BELA MACKA STARA DVE I POL GOD. TREBA DA SE PARI A TAKOV MACOR SO PEDIGRE NEMOZAM DA NAJDAM. POMOSSSSSSSSS SLIKA OD MACETO KE VI PUSTAM A EVE GO MOJOT BROJ 070597376
HapiBlogging to you my friend! Have a nice day!
Te nema RG sto e rabotata!?
Тука сум друже, немај гајле. „Ресурсите“ сега ми се насочени на нешто конкретно што го работам, но блогот не го заборавам.
Имам нови теми и искуства (нарачување мобилен преку FedEx) кои го чекаат правиот момент да бидат напишани и поставени тука.
Фала ти за подршката!
Post a Comment