вторник, декември 18, 2007

Стигна нарачката од QuietPC

Денес ми стигна од сабајле известување дека имам пристигнато пакет од Англија и дека треба да идам во пошта да си го подигнам. Станува збор за Thermalright HR-05-SLI, кулерот кој беше нарачан од QuietPC пред една недела.

Нормално, без да одлагам многу, се облакам на брзинка и трк накај поштата. Изглеа ги фатив на пауза, пошто на шалтерите немаше никој кога влегов, али не чекав долго. Таман се заглеав во ценовникот за испраќање на пратки од Македонија со авион и дојдоа вработените.

Го давам известувањето што ми стигна, ја плаќам стандардната сума од 75 денари (ова се плаќа на другиот шалтер за уплати) и си ја подигам пратката. Се враќам назад и си се подготвувам за најдобриот дел... отварање на пакетот:


Пакетот е испратен преку кралската пошта и беше одлично спакуван. Од досега што сум нарачувал преку интернет, првпат ми стига внатре потврда за нарачката со вкупната сума и потпис од човекот што ја пакувал, за во случај ако не е добро спакувана.

И луѓето од Thermalright завршиле одлична работа со заштитата и со вклучување на сите делови кои може да ти притребаат при инсталација. Самиот ладилник е исто така од квалитетна изработка. Подетално ќе бидат прикажани сите делови во наредниот пост кога ќе го инсталирам кулерот.

Најбитното е дека стигаат работиве од QuietPC.com и тоа за експресно брзо време. Целиот процес од нарачувањето до отварањето на пратката траеше точно една недела. Земајќи ја во предвид и цената за превозот која изнесува 200 денари, испаѓа прилично исплатливо.


Следно останува да го инсталирам кулерчето на основната плоча и да видам како ќе работи и дали има битна разлика во температурата (во тивкото работење веќе знам дека ќе има).

2 коментари:

Tomi said...

Претпоставувам бидејќи ова е пред 2 години, затоа е само 200 денари испоракатра - на QuietPC денес за кулери од 500-600 грама бараат 7-8 евра шипинг.

Сепак, поефтино е од кај нас, само да прашам, дали ќе треба само уште 75 денари на Пошпта да платам, или има шанси да ме замараат за царина/данок и сл??

Фала RedGuy и зошто забушаваш со постови во последно време? :)

The RED GUY said...

За потешки кулери е толку ~400 денари испораката.

Ако си го нарачаш преку нормална Air Mail пошта, толку е сумата (+75 денари) и околу 6 дена за испорака.

Доколку случајно згрешиш да нарачаш преку FedEx или UPS, има да ти го остават на аеродром и да те ошурат плус за лежарина (1200 ден), дупло ДДВ на вкупната сума со транспорт и шпедициски трошоци (2-3000 ден) само за да ти го подигнат од таму пошто ти како приватно лице неможеш сам. И сето ова е без царина, пошто се ослободени ваквите артикли.

За постови, пишувам само кога има нешто интересно да споделам, да не биде само ради реда :-)