недела, ноември 25, 2007

Стај се на SKYPE од твојот мобилен телефон - бесплатно

Доколку не те задоволува само чатување на MSN преку мобилен (за кое упатството беше објавено во претходниот пост) и сакаш да користиш SKYPE преку мобилен, има решение и за тоа.

Решението се вика Nimbuzz и овозможува конектирање со твојот SKYPE акаунт преку твојот мобилен телефон. Спореден со Mig33 има многу сличности, но има некои битни разлики.

Првата разлика е можноста освен на MSN, да се конектираш и на SKYPE, што значи дека ги подржува и двете мрежи истовремено. Исто така има можност да им титнеш на твоите пријатели за да им текне да се уклучат на MSN или SKYPE, дури и кога немаш кредит на мобилниот. Од тука доаѓа и името buzz - титкање.


Оваа опција функционира на следниот принцип: Се логираш на твојот акаунт и гледаш дека личноста со која сакаш да разговараш е офлајн. Одбираш „Buzz“ од менито и Nimbuzz им титка на нив. Опцијата да титнеш без да имаш кредит кај нас е достапна само ако си на COSMOFON, пошто они дозволуваат конектирање на интернет без да мора да имаш минимум 50 денари на сметка.

Како додатен бонус е еден мал детал кој уствари е многу корисен: Кога пишуваш преку мобилниот, на соговорникот му се појавува она „user is tryping...“, додека кај Mig33 ова не е случај.

Сепак Nimbuzz не е перфектен. Негативните работи се тоа што нема опција за праќање на бесплатни SMS пораки. Исто така не подржува праќање на слики директно од камерата и смајли, а ја нема ни опцијата за праќање и примање на е-маилови.

Корисничкиот интерфејс на Mig33 е поинтуитивен и полесно е комуницирањето со повеќе луѓе истовремено.

Значи за да го користиш Nimbuzz треба да ги имаш подесено сетинзите за интернет на твојот мобилен телефон (што е објаснето во претходниот пост ОВДЕ) и да го симнеш и инсталираш програмчето.

Доколку веќе ги имаш подесено сетинзите и имаш начин како да го префрлиш програмот од компјутер на мобилен (преку Bluetooth, USB кабел или Infrared), можеш да го симнеш од ТУКА

Ако немаш како да го префрлиш, тогаш оди на ОВАА страница, внеси го бројот од мобилниот на кој сакаш да го инсталираш Nimbuzz и ќе ти го пратат по СМС.


Останува на тебе да одлучиш кој повеќе ти се свиѓа. Јас несакав да се одлучам и затоа сега константно си ги користам и двата програми во зависност од тоа што ми треба во моментот.

4 коментари:

alek said...

pozdrav do mojot mnogu dobar drugar t.e. brat mi od burekovik

The RED GUY said...

Оооо брат ми, поздрав!

ricka said...

Одлично јас за ова незнаев, го користев www.soonr.com ама тоа во споредба со ова е НУЛА :)

neW1 said...

www.fring.com - правите дечки ;)