Бучен Кулер: Slim Верзија

Ова е продолжение на претходниот пост, Бучен Кулер.
Откако го заменив оргиналното кулерче со новото, намалувањето на бучавата беше и те како приметна. Дури првите денови не ни осеќав дека работи компјутерот затоа што изгледа сум се навикнал на зуењето од претходно.
Помина некое време и оваа модификација си работеше супер се додека не ја сменив графичката картица. Пошто новата графичка поминува одма врз чипсетот, нема доволно место за да можам да го користам тивкото кулерче и морав привремено да го вратам оргиналното бучно кулерче.
Ме потсети како ми било претходно и се чудев како сум издржувал со таа бука (можеби сега уште повеќе зуеше од порано пошто така стоело у фиока без да се користи). Едвај издржав неколку недели со нетолерабилната бучавата и тргнав повторно да барам ново решение.
Пошто тогаш сеуште не бев упатен како иде Нарачувањето преку интернет или уште помалце Купувањето преку eBay, барав кај нас. Уште еднаш го свртев цел град и видов дека ситуацијата не се сменила воопшто во врска со снабденост на кулери за основна.
Отворив нова тема и на Македонскиот Форум за Хардвер во врска со ова. Таму се собираат ентузијасти кои си ја знаат рабоатата, стално се спремни да помогнат и да го споделат нивното искуство. Нажалост само се потврди фактот дека кај нас нема каде да се најдат готови Retail кулери за основна плоча.
На крај пак отидов кај дечките од сервисот во Niko Computers и најдов слично кулерче како Zalman ZM-NB32K, само што ова беше од Abit и додатно земав вентилаторче за одозгора од истиот вид како тоа претходното.
Доаѓам дома, прерипувам 2 маси, 3-4 столици и по некој теписон (пошто моментално кречевме кај мене) и се спремам да го наместам новото кулерче. Сепак како и да го поставев, немаше доволно место. Единствено решение беше еден по еден да ги скратам пиновите на лежиштето.
Епа добро, што е - тука е! Земав бонсекот и клештите и 45 минути покасно го добив ова:
Проблемот е што дури и со „скратенава верзија“ немаше доволно место за самиот вентилатор, па морав да го поставам вака:
Вака поставено, растојанието помеѓу графичката и кулерот е едвај неколку милиметри. Еве како изгледа:
Неможам да измерам дали има разлика во температурата на чипсетот пошто нема на него термален сензор. Вака на допир е доста жежок, но од друга страна пак, нормална температура за него се смета и околу 60 степени.
Бучавата дефинитивно ја снема, што беше и целта. Стабилноста си е иста, пошто доколку се прегрева би требало да се кочи компјутерот или да се рестартира.
Ме интересира твоето мислење... дали имаш претходно искуство со вакви работи и мислиш дека ќе држи вака или можеби имаш предлог за некое друго решение?
Откако го заменив оргиналното кулерче со новото, намалувањето на бучавата беше и те како приметна. Дури првите денови не ни осеќав дека работи компјутерот затоа што изгледа сум се навикнал на зуењето од претходно.
Помина некое време и оваа модификација си работеше супер се додека не ја сменив графичката картица. Пошто новата графичка поминува одма врз чипсетот, нема доволно место за да можам да го користам тивкото кулерче и морав привремено да го вратам оргиналното бучно кулерче.

Пошто тогаш сеуште не бев упатен како иде Нарачувањето преку интернет или уште помалце Купувањето преку eBay, барав кај нас. Уште еднаш го свртев цел град и видов дека ситуацијата не се сменила воопшто во врска со снабденост на кулери за основна.
Отворив нова тема и на Македонскиот Форум за Хардвер во врска со ова. Таму се собираат ентузијасти кои си ја знаат рабоатата, стално се спремни да помогнат и да го споделат нивното искуство. Нажалост само се потврди фактот дека кај нас нема каде да се најдат готови Retail кулери за основна плоча.
На крај пак отидов кај дечките од сервисот во Niko Computers и најдов слично кулерче како Zalman ZM-NB32K, само што ова беше од Abit и додатно земав вентилаторче за одозгора од истиот вид како тоа претходното.
Доаѓам дома, прерипувам 2 маси, 3-4 столици и по некој теписон (пошто моментално кречевме кај мене) и се спремам да го наместам новото кулерче. Сепак како и да го поставев, немаше доволно место. Единствено решение беше еден по еден да ги скратам пиновите на лежиштето.
Епа добро, што е - тука е! Земав бонсекот и клештите и 45 минути покасно го добив ова:
Проблемот е што дури и со „скратенава верзија“ немаше доволно место за самиот вентилатор, па морав да го поставам вака:
Вака поставено, растојанието помеѓу графичката и кулерот е едвај неколку милиметри. Еве како изгледа:
Неможам да измерам дали има разлика во температурата на чипсетот пошто нема на него термален сензор. Вака на допир е доста жежок, но од друга страна пак, нормална температура за него се смета и околу 60 степени.
Бучавата дефинитивно ја снема, што беше и целта. Стабилноста си е иста, пошто доколку се прегрева би требало да се кочи компјутерот или да се рестартира.
Ме интересира твоето мислење... дали имаш претходно искуство со вакви работи и мислиш дека ќе држи вака или можеби имаш предлог за некое друго решение?








0 коментари:
Post a Comment