Купување преку eBay: Стигна Пратката

Добродојде во финалната епизода од серијалот „Купување преку eBay“. Сите претходни епизоди можеш да ги најдеш овде: Епизода 1: Скандалот со AllPCDeals.com, Епизода 2: Наоѓање Продавач, Епизода 3: Заробени Девизи, Епизода 4: Оспорување Трансакција и Епизода 5: Плаќање
Уште во 9 саат сабајлечки ме изненади поштарот кој до врата ми ја достави пратката. Овојпат не требаше ни да идам до пошта за да ја подигнам.
Испадна дека стигна за нецели 6 дена, што е и побрзо од тоа што очекував пошто на страната пишува дека ваква пратка од Америка до Македонија трае 7 дена. Сега следува најинтересниот дел... отварањето на пратката:
Пликото од позади имаше декларација дека се работи за компјутерски делови и дека затоа е ослободено од царина. Иначе не е само обично плико. Од внатрешната страна е целосно обложено со воздушни перничиња (оние кесите со топчиња што се пуцкаат) и беше херметички затворено.
Процесорите што беа внатре се OEM, што значи клот само процесорот, без кутија, кулер или додатоци, исто како што и беше договорено. Интересно е тоа што ова се првите процесори што сум ги видел да пишува Diffused in Germany. Обично на сите досега пишувало само Assembled in Malaysia и толку.
Значи и купувањето преку eBay функционира... откако ќе најдеш начин како да платиш без да ти бараат лични карти и копии од кредитни картици и барања за оспорувања на трансакции и ослободувања на резервирани средства. Сепак се е до искуството и се надевам дека овој серијал ти помогна за да ги избегнеш ваквиве проблеми кога ќе нарачуваш.
Фала ти што беше дел од оваа авантура. Ако ти треба било каква информација или помош при купување преку Интернет и eBay, слободно контактирај ме или остави коментар.
Крај на серијалот

16 коментари:
Одличен серијал. Еден од малкуте добри блогови кои што периодов ги читав
Фала ти, мило ми е што го слушам(читам) тоа.
Поевтино ти е фати отколку да ги купеше од тука од Македонија? (зборам со сите трошоци)
Да. Во Риверсофт уште го продаваат овој процесор 14800 денари.
Овие два испаднаа некаде 10500 денари вкупно.
Ej pa ova e MNOGU poevtino.A ako naracam LCD monitor ke mi stigne ili tesko ? Ili pa ke bide ogromna postarinata?
Pozdrav
Osven upornost i nervi koj ne se kupuvaat nitu prodavaat. Inaku ako ne se lazam ova znaci deka za ~300% e poeftino da kupish.
Ako ti si gi zel 10.500 izleguva deka eden procesor e 5250 denari, dodeka vo river e 14800. Toa e golema razlika :)
@Anonymous
Можеш да нарачаш и LCD монитор, па дури и 40 инчен телевизор. Ќе мора само да видиш колку кошта поштарината од месото каде што нарачуваш... минимум 4000-5000 денари за такви големи работи.
Макар да кога станува збор за LCD, би ти препорачал од тука да си земеш. Вака ќе можеш да го провериш во самата продавница дали е ОК од црни точки и гребнатинки, не рескираш да се оштети при транспорт и плус истиот ден си го носиш дома.
@Ricka
Дефинитивно е голема разликата. Ова покажува колку само се надуени цените.
odlicen tutorial, mi padna duri i zal za tvoeto patenje.
Pusti eden link od ova do Tutunska banka da vidat kolku se strucni del od nivnite kadri.
Не се криви луѓето што работат таму. Самата организација кога веќе сака да работи сериозно со голема маса на луѓе, треба да си ангажира и соодветен кадар.
Да го прочитав порано блогов ќе те спасев од маки со картичките. Јас сум среќен корисник на Visa Electron на Уни. Ем не може во минус да влезеш ем НИЕДНАШ не сум имал проблеми ни на интернет ни во хотели ни во продавници ни во банкомати. Апсолутно најдобрата и најкорисната картичка во МК, плус е бесплатна и е дебитна што е најсмешно.
Фала за сериалов.
Проебав цел работен ден да најдам начин да му платам на еден тип, а се што требало е да погуглам "ebay македонија“
Одлична авантура :)
и јас сеа сакам да купувам само имам еден проблем. На MooneyBookers не можам да ја верифицирам картицата. Бараат да напишам колку пари ми зеле при верификацијата но бидејки ми е денарска картицата (Visa од УНИ банка)не можам да внесам точната сум на долари. Им пратив извод ама на изводот го нема бројот од картицата само бројот од сметката,а тие го барет бројот од картицата да го има на изводот. Побарав во УНИ да ми дадат извод кај што го имат бројот од картицата ама такви изводи немало. Помагајте не знам шо да прам.:(
Не се секирај ако сметката ти е во денари. Едноставно прерачунај го износот во долари според индикативниот курс на банката (препорачливо за тој ден) и ако не го погодиш од прва, додади или одземи 0.01 долар.
На пример, ако вика дека ти земале 64 денари, а курсот на доларот е 42, пробај да внесеш 1.51, 1.52 или 1.53
Kako mozam da se registriram na paypal ???
Fala
Македонија не го подржува PayPal моментално. Ти препорачувам да користиш некој подобар начин на плаќање, како MoneyBookers или ePassporte.
Ако сепак сакаш да отвориш акаунт на PayPal, ќе мора да одбереш некоја од соседните држави во полето за земја на потекло. Со ова ќе можеш да правиш трансакции во вредност од најмногу 50 долари.
Информациите во врска со PayPal се од „рекла - казала“, немам лично искуство бидејќи не сакам да го користам и ништо чудно да не важат повеќе.
Леле колку маки си видел со процесоров, али се исплатело. Ова многу ќе ми се најде и на мене и на сите кои ја прочитале твојата авантура. Браво на истрајноста!
Post a Comment