Купување преку eBay: Наоѓање Продавач

Ова е втората епизода од серијалот „Купување преку eBay“. Ако сеуште ја немаш прочитано првата, можеш да ја најдеш овде: Купување преку eBay: Скандалот со AllPCDeals.com
Изнервиран од претходната нарачка преку AllPCDeals.com и губењето на сега веќе 4 дена без потреба, идам на eBay да најдам продавач кој: а)продава нови процесори, б)испорачува во Македонија и в)прима друг начин на плаќање освен PayPal, кој не ја подржува Македонија.
Кога веќе сме кај PayPal, има иницијатива на блогот „Слобода на умот“ каде што се потпишува петицијата за прием на Македонија во листата на подржани земји на PayPal. Исто така не е лошо да ја посетиш и PayPalSucks.org за да ги видиш двете страни на паричката.

Назад на eBay, успеав да најдам неколку продавачи кои ги исполнуваа овие услови. Во суштина, продавачот и да нема објавено дека испорачува во Македонија или дека прима други платежни средства, доколку го контактираш може накнадно да се согласи, али што е сигурно - сигурно е.
Го одбрав продавачот кој имаше добра репутација и имаше излистано дека испорачува во Македонија, како и дека прима повеќе начини на плаќање. Неговите цени на процесорите беа малце поскапи, $86 долари наспроти $79 долари околу кои се движеа цените на другите, но освен „Buy it now“ опцијата, подржуваше и „Make an offer“.
Му пратив порака дека мојата најдобра понуда е $215 долари за 2 процесори и за патните трошоци. Значи негде испадна $82 долари од процесор и плус $51 долар за испораката на двата преку USPS Express Mail International. Ова се смета за експресна пошта и затоа е малку поскапа, но за вакви повредни пратки е препорачлива и стига за 5-6 работни дена, а разликата во цената со обичната пошта е некојси $15 долари.
За начин на плаќање го најдов BidPay кои сакаат да му конкурираат на PayPal со пониски провизии и плус официјално ја подржуваат Македонија.

Човекот се согласи на понудата и на начинот на плаќање и „отидовме да го официјализираме“ договорот преку eBay. Тоа значи дека јас ја доставувам понудата преку „Make an offer“, продавачот ја прифаќа преку eBay и со тоа склучуваме правно-важечки договор каде продавачот се обврзува да ја испорача пратката како што е наведена во договорот, а купувачот (јас) се обврзува да ја исплати цената која е договорена.
Во меѓувреме идам да ја проверам сметката на MasterCard преку интернет и кога гледам, што ќе видам?! Стојат резервирани средства во износ од околу 9200 денари, а расположливи средства останало само нешто ситно. Пошто тој износ од 9200 денари страшно се совпаѓаше со износот од нарачката од AllPCDeals.com од $203 долари, јасно ми стана дека овие не ја известиле банката дека трансакцијата е откажана!
Продолжува...ТУКА

6 коментари:
Parite ke bidat rezervirani nesto po vekje od mesec, i potoa ke ti gi oslobodat. (licno iskustvo)
Да, во право си, така им бил начинот на работа.
Мора изгледа да им се јавиш директно за да ја откажат порано.
I sto se desi, so ovaa novava naracka, ti stignaa li? pozz
Сеуште не. За подетално, види го наредниот пост - Купување преку eBay: Заробени Девизи
Ако сакам да купам нешто, како ке најдам продавач?
Идеш на страната на eBay и го впишуваш тоа што сакаш да го купиш.
Kликнуваш на „Search“ и ти ги дава сите продавачи кои моментално го продаваат тој производ.
Дополнително, можеш да ја штиклираш и опцијата „Worldwide“ која ќе се појави доле лево и повторно кликнуваш на „Search“.
Post a Comment