Купување преку eBay: Скандалот со AllPCDeals.com

Искуството ќе биде поделено во неколку серии кои ќе бидат објавувани како што се одвива нарачката преку eBay:
После успешното нарачување преку интернет и стигнувањето на пратката, одлучив да пробам да нарачам нешто од Американскиве сајтови.
Овој пат изборот падна на dual-core процесор, поточно AMD Athlon 64 x2 4200+ за основна полоча со 939 socket. Заедно со уште еден другар собравме пари да нарачаме 2 процесори за да ги поделиме транспортните трошоци.
Иначе овој процесор во RiverSoft го продаваат за 240 евра или 14880 денари. Вистинската цена на интернет му е 3700 денари.
После пар дена барање на место за купување, го најдов AllPCDeals.com. По проверка на домејнот на сајтот, видов дека е регистриран веќе подолго време и дека има и рецензии на ResellerRatings.com што значи дека се работи за валидна компанија.
Пред да ја направам нарачката, пробав да ги контактирам преку нивниот „Live Chat Support“ кој е стално офлајн, па им оставив порака. Иако не одговорија на пораката (што зборува за тоа колку е „професионална“ компанијата), најдов дека примаа MasterCard и испорачуваа во Македонија преку USPS (United States Postal Service) што значи дека сите услови беа исполнети.
Ја поставувам нарачката која вкупно изнесуваше некаде 203 долари за двата процесори со се поштарина и плус добив гратис Zalman Motherboard Heatsink NB47J. Задоволен и нестрплив, секои два саати проверувам до каде е стигнат процесот (има на сајтот да видиш дали е нарачана, процесирана, испратена и стигната пратката).
Обично треба во рок од 24 саати да ја процесираат нарачката и да ја испратат, но два дена поминаа и никаков одговор од нив. Отпосле ми стига е-маил да им пратам копија од Лична карта или возачка дозвола и копија од двете страни на мојата кредитна картица преку е-маил?!
Така лесно да се праќало, немало за џабе да постајат 128 битни сигурносни енкрипции при секоја нарачка од нинтернет. Ти да ги пратиш сите свои лични информаци во еден е-маил... па тоа ти е исто како да си направил фотокопија од твојот идентитет и да си го поделил на секого. Очекувај наскоро на куќата да добиеш хипотека и од сметката да ти е нарачано Ferrari.

Им напишав дека не ми е сигурно да праќам такви информации преку е-маил и дека и MasterCard строго го забранува тоа. Сепак се согласив дека ќе им ги доставам бараните информации, но по друг начин каде што би имал комуникација во живо со нивен претставник.
На барањето на комуникација во живо избегнаа да одговорат и ми побараа уште еднаш преку маил да им ги пратам податоците. Откако нагласив повторно дека само доколку зборувам во живо со нивен претставник ќе ги добијат тие информации, пратија маил дека нарачката е откажана.
И ОК, си викам тоа е тоа, завршено е со нив (да знаев само колку не е завшрено со нив) ќе си купам јас од друго место. А тоа друго место е eBay!
Продолжува...ТУКА

0 коментари:
Post a Comment