понеделник, април 10, 2006

Што е тоа ТОРРЕНТ и како да го симнам?

Во кратки црти кажано, Торрент е најчесто поголем фајл, може да биде на пример цела игра, филм, музички албум, видео спот, некој програм и сл.

Системот преку кој се пренесуваат торрентите се вика БитТоррент. Тој е следната генерација на трансфер на податоци на интернет, а како функционира тој подетално има на www.theredguy.com/2005/05/blog-post.html

Најдов еден таков фајл и го симнав, ама се што добив е фајловче од неколку КБ од типот на „NestoNesto.torrent“. Што е финтава?

Тоа што сте го симнале не е целиот фајл, туку само неговиот torrent hash (значи нешто како само насловот) кој содржи упатство како да се симне целиот фајл.

Добро и еве најдов нешто што ми треба во форма на торрент. Сега како да симнам?

1. Прво нешто што ви е потребно е програм за симнување на торренти. Еден од најдобрите, а воедно и најлесен за користење е BitComet. Него може бесплатно да го превземете од www.bitcomet.com

2. По инсталацијата на BitComet, тој претежно сам си се конфигурира за работа, па немора скоро ништо да менувате (освен ако сакате). Исто така се асоцира со .torrent екстензиите, така да сега може директно да кликнете на фајловчето кое претходно сте го симнале и ќе ви се отвори во BitComet.

3. Значи торрентот го отварате или со кликнување на него, или преку BitComet со менито „Open“ и селектирање на фајлот.


4. Со ова ќе ви се отвори ново прозорче каде можете да одберете каде сакате да го симнете целиот торрент фајл или пак можете да одберете (со штиклирање на поединечните фајлови) кои делови ги сакате доколу има таква опција.


5. И тоа е тоа. По овој чекор, торрентот ќе почне да се симнува. Преку интерфејсот ќе имате податоци (од лево на десно) за името на торрентот, неговата големина, колку % е симнат, моментална брзина на симнување во КБ/сек, моментална брзина на качување во КБ/сек, предвидено преостанато време дур се симне, однос на seed-ери/leech-ери и однос колку сте качиле/симнале.


Со БитТоррент системот, исто така, можете во секое време да прекинете и да продолжите со симнување/качување на било кој торрент со едноставно кликнување на опциите


НАПОМЕНА: БитТоррент фукнционира на принципот зимаш колку што даваш. Затоа трудете се односот качено/симнато да ви е барем 1:1, што значи не го исклучувајте торрентот веднаш штом го симнете, него оставете да качува малку и кон другите. Бидејќи и вие сте го симнале целиот фајл благодарение на некој друг кој оставил да се качува кон вас.

0 коментари: