Македонски Торрент Тракер
http://www.tracker-mk.org/
Ете, конечно и ние дочекавме да си имаме вакво нешто.
За оние што незнаат што е БитТоррент, еве што е финтата. Тоа е протокол дизајниран за трансфер на фајлови. По природа е peer-to-preer, така што корисниците се конектираат меѓусебно директно за да примаат и праќаат делови од фајлот. Сепак постои централен сервер (наречен тракер) кој ги координира акциите на сите такви peer-ови. Тракерот единствено ги менаџира конекциите. Нема никакво знаење за содржината на фајловите кои се дистрибуираат. Главната филозофија на БитТоррентот е корицниците да качуваат (upload-ираат, даваат) во исто време кога и симнуваат (download-ираат, земаат). На овој начин, network bandwidth-от се утилизира најефикасно што може. БитТоррент е дизајниран да работи уште подобро, за разлика од другите трансфер протоколи, кога бројот на заинтересирани корисници за еден фајл се зголеми.
Една аналогија за да се опише овој процес е да се визуелизира група на луѓе што седат на маса. Секој од нив може да слуша и зборува со било кого друг на масата. Сите овие луѓе се обидуваат да комплетираат копија од книга. Личноста А најавува дека ги има страниците 1-10, 23, 42-50 и 75. На личностите Ц, Д, и Е им фали понекоја од овие страници, па тие се координираат така што А им дава копии од страниците што тој ги има, а кои на нив им фалат. Личност Б тогаш најавува дека ги има страниците 11-22, 31-37 и 63-70. Личностите А, Д и Е, кажуваат на личност Б дека би сакале некои од нејзините страници, па таа им дава копии на страниците кои ги има. Процесот продолжува околу масата се додека сите не најавиле што имаат (односно што им фали). Луѓето на масата се координираат да се разменуваат со деловите од книгата се додека сите не ја добијат целата книга. Исто така постои и личност, кој ќе го наречеме `S`. Оваа личност има комплетна копија од книгата, така да ништо не му треба да му биде пратено. Тој одговара со страниците кои никој друг ги нема во групата. На почетокот, кога сите само што пристигнале, сите мораат да зборуваат со него и да ги добијат првиот сет од страници. Но, луѓето се доволно паметни сите да не ги земаат истите страници од него. По некое време сите тие го имаат поголемиот дел од книгата меѓусебно, дури и ако ниеден од нив ја нема целата. На овој начин, една личност може да подели книга која ја има со многу други луѓе, без да мора да им дава целосна копија на секој еден од нив кој е заинтересиран. Наместо тоа, тој дава различни делови на различни луѓе и тие ќе можат да ја разделат меѓу себе. Оваа личност која ја нарековме `S`, се вика seed (или сејач, сее) во терминологијата на БитТоррент.
Доволно е енциклопедниско запознавање за денес :)

БитТоррент иако е реалтивно ново, сепак е нешто што е видено и функционира, па што тогаш добиваме ние со Македонски Торрент Тракер???
Затоа што повеќе од 40% од вкупниот интернет сообраќај се должи на peer-to-peer, а бидејќи и интернетот за тоа и е наменет (за размена на информации), не е решение едноставно да се блокира ваквиот сообраќај.
„Целта на Македонскиот Торрент Тракер е да биде место каде што може корисниците да се разменуваат меѓу себе на едно место, каде што и би можеле да ги најдат сите најнови, а и оние ретки фајлови со македонска содржина.“
Тука сите добиваат. Прво, пошто сите peer-ови се од Македонија, ќе се наоѓаат фајлови со македонска содржина. Целиот сообраќај е локален што значи нема што да ја ограничува брзината, и нас ќе ни иде побрзо, и на интернет провајдерите ќе им се ослободат линковите со надворешниот свет, што пак значи побрзо сурфање за нас.
Бидејќи Македонскиот Торрент Тракер е отворена заедница, тој ни служи на сите нас, како што и зависи од сите нас. Ако ние не качуваме на него, ние нема да симнуваме од него. Затоа сите што сакаат да учествуваат во неговиот развој, што имаат интересни фајлови за качување, слободно нека пратат PM (Personal Message) на било кој админ на Tracker-MK и ќе добијат статус на Uploader-и и Администратори.

4 коментари:
Во Бугарија корисниците на кабелски интернет имаат брзина од 10 м.бит во сек. за домашен сообраќај (речиси сите провајдери). Можеби треба и кај нас да го направат тоа.
Ова со торентов е супер идеје, само незнам колку ќе успее, поради менталитетот не за друго. Сите ќе сакаат само да симнуваат фајлови, никој нема да сака да качува.
Добро кажано. Кај нас уште не се прави разлика меѓу домашен и странски сообраќај, иако има услови да се пушти домашниот али...
За менталитетот, најверојатно си во право. Мада верувам дека ќе се најдат некои малкумина со понапредни сфаќања кои ќе качуваат и тоа е доволно.
Мене ме изненади тоа што многу малку луѓе кај нас знаат што е БитТоррент (мило ми е што ти си еден од нив).
Во секој случај, тракерот си стои и функционира, па кој сака може да си се послужи. Макар бил од корист само на мал круг на корисници, нема да биде залудно.
Ова со торентов е супер идеје, само незнам колку ќе успее, поради менталитетот не за друго. Сите ќе сакаат само да симнуваат фајлови, никој нема да сака да качува.
в българия беше така.
спокойно. ке ви оправим тракерот.
ке стане убав ;)
www.arenabg.com
registracijata vi e za nikade. Sifrata epten tesko se cita skoro ne citliva e
Nego predlogot za mak torrent epten go pozdravuvam i vi posakuvam mnogu uspeh, no ne samo na zborovi, jas imam mnogu knigi i ako imate nekade prostor od na primer 200 do 300 giga da vi gi dadam da gi delime na onie koi sakaat da si gi simnat.
Uste ednas vi posakuvam uspeh i kolku moze i jas ke pridonesam
Gogo
Post a Comment