среда, март 02, 2005

Завршна сметка на Македонски Телекомуникации за 2004 (од Матав)

Ме интересираше што новости има од Матав (кој наскоро ќе го преименуваат во Magyar Telekom) па отидов на www.matav.hu и видов дека ја објавиле завршната сметка за 2004 година. Нормално, највише не интересира за „нашиот“ Македонски Телеком, па еве што има за него:

Вкупен обрт за 2004 година: околу 273,6 милиони евра

Вкупната бројка на вработени е намалена на 2799 благодарение на т.н. „headcount rationalisation“ и реструктивните напори (читај отпуштања) од 20.4%

И најинтересното – статистиките...

Број на корисници на фиксната телефонска мрежа: 625,858
Од кои аналогни претплатници: 583,776
Корисници на ISDN: 42,082

Вкуоно корисници на мобилната мрежа има 752,462 од кои 76% се на Мобимак или околу 571,871.

„ ...MakTel remains the country's leading internet service provider... “ – да се чудиш зошто!?

Бројот на Dial-Up корисници на МТ-нет се зголемил за 32,4% и ја достигнува бројката од 64,944.

Колку е убаво кога некој со голем труд, ниски цени и во тешка, но фер конкуренција успева да постигне резултати. Тоа мора да се бодри, па ќе го поздравиме со песната „Come on let’s play Monopoly“...

Поздравче: Овие информации немора да значи дека се точни. Да не испадне после ширам дезинформации / откривам државни тајни или сум згрешил во преводот, оргиналните податоци ги има на
http://sajtoszoba.matav.hu/process?action=notice&lang=eng&id=2683



0 коментари: